
Младиот фудбалер на штипска Брегалница Андреј Велков се најде во „тефтерот“на селекторот на Македонија У – 16 Неџат Шабани и е повикан за настап на пријателските средби против Турција што ќe се одиграат на 24 и на 26 август и тоа во гости. Според координаторот на Пионерско – Младинските селекции на Брегалница, Борче Постолов се работи за мошне млад и исклучително талентиран фудбалер кој потекнува од Фудбалската Академија Постолов – Пандев од Штип. Воедно Борче Постолов информираше за настапот на Кадетите и на Младинците на Брегалница кои одиграа пријателски средби против соодветните селекции на Академија Пандев во Струмица. Кадетите на Брегалница беа подобри и победија со резултат 3:2 а стрелци на головите за штипјани беа Оливер Тодоров 2 и Теодор Наков кој постигна еден гол. Младинците на Брегалница и на Академија Пандев одиграа мошне ефикасно, односно 4:4 а стрелци на головите за Брегалница беа Кристијан Торневски 2 гола, Љупче Кудев и Бране Ангелов постигнаа по еден гол. Помладите Пионери и Пионерите на Брегалница во сабота ќе гостуваат на Победа во Прилеп а пак Кадетите и Младинците на овие две екипи во недела на теренот на Бело Брдо ќе ги одмерат своите сили во пријателски контролни средби.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk