
Сонце, многу вода, трева, од една страна отпадоци од друга страна остатоци од храна, ова можеби потестува на плажа, но всушност во текот на вчерашниот ден ова беше сликата на споменикот на Никола Карев кај село Тркање, кочанско. Откако побаравме одговор од надлежните, утринава екипи од КЈП „Водовод“ Кочани беа на терен да ја расчистат ситуацијата, а директорот Андреј Киров, во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека ова место се чисти два пати до три пати месечно.
„Тоа е споменик вон населено место се третира неколку пати во месецот, два или три пати во месецот. Овде се работи најчесто за свеста на граѓаните каде што отпадот го фрлаат несовесно. Во врска со водата која се наоѓа таму, тоа е вода која излегува од самите каналетки или вади кои ги има за наводнување, не е пивка вода и не е од наша линија. Ккао редовна активност денес е било момент за косење и таа работа е завршена“ – истакна Киров.
Киров додаде дека треба да се зголеми и свеста кај граѓаните со цел да не се повторуваат грди слики на ова место, но и за да се зачува чиста животната средина. Ако тревата и просторот околу е надлежност на КЈП „Водовод“ Кочани, а водата која тече од каналот за наводнување на Водостопанство Брегалница, отпадокот и ѓубрето како и остатоците од храна зборуваат за совесноста на граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет