На 25 август ќе се прска против комарци во Штип, на 18 и 19 во Кочани

Sucking mosquito, dangerous vehicle of zika, dengue, chikungunya, malaria and other infections. Insect on human skin.

На 25.8.2021 година во Општина Штип ќе се спроведе прскање против комарци. Прскањето ќе се врши во раните утрински часови, а во случај на неповолни временски услови истото ќе се одложи за наредниот ден. Дополнително, се потенцира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

„На ден 25.08.2021 год. (среда наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе се спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Завршувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.“ – се вели во известувањето од Општината.

Истовремено известуваат и од Општина Кочани дека во наредните два дена утре среда и во четврток ќе се спроведе петтото по ред прскање против комарци од земја.

„Со превентивна дезинсекција ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани. За третманите против комарци ќе се користат широкоспектарни инсектициди одобрени од Бирото за лекови.“ – истакнаа од општината.

Лаура Стојанова МНет