Фудбал: Димитар Пилешков ќе биде главен судија во Ѓорче а Крумислав Ѓоргиев во Битола

Вонредното трето пролигашко коло ќе биде зачинето со две главни штипски судиски „свирки“. Конечно по извесен период фудбалската правда му е доверена на Димитар Пилешков кој ќе биде главен судија на натпреварот Македонија ЃП – Скопје а ќе му помагаат Ристо Ѓоргиев и Зоран Саздовски а четврти судија ќе биде Александар Урошевиќ од Тетово.

Во Битола пак главен судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев а ќе му помагаат штипјанецот Кристијан Џонов, Мартин Петковски од Куманово а четврти судија ќе биде Боби Величков од Велес. На останатите средби главни судии ќе бидат Игор Стојчевски на мечот Работнички – Струга ТЛ, Марјан Младеновски на Тиквеш – А.Пандев, Дејан Младеновски на Ренова – Борец, и Качевски Јован во Штип на мечот Брегалница – Шкендија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk