Михаела Санева во состав на македонската репрезентација на СП во спортско качување во Русија

Од 21 до 30 август во рускиот град Воронеж ќе се одржи Светското младинско првенство во спортско качување . Во конкуренција на преку 700 натпреварувачи од 38 земји од 4 континенти ќе настапи и македонската репрезентација составена од тројца натпреварувачи. Според информацијата од тренерот на македонската репрезентација Јован Иванов, кој воедно е тренер во спортско – качувачкиот клуб Астибо од Штип, на ова Светско првенство ќе настапат, штипјанката Михаела Санева, Ева Џагора од Скопје и Сара Трајкоска од Прилеп. Македонската спортско – качувачка експедиција за Москва ќе замине во петок на 20 август а од таму директно ќе патува за Воронеж. Првите натпреварувачки дисциплини ќе започнат во сабота и тие ќе се одвиваат во четири возрасни категории.

Герасимов Драги – Пушка Mnet.mk