
Од 21 до 30 август во рускиот град Воронеж ќе се одржи Светското младинско првенство во спортско качување . Во конкуренција на преку 700 натпреварувачи од 38 земји од 4 континенти ќе настапи и македонската репрезентација составена од тројца натпреварувачи. Според информацијата од тренерот на македонската репрезентација Јован Иванов, кој воедно е тренер во спортско – качувачкиот клуб Астибо од Штип, на ова Светско првенство ќе настапат, штипјанката Михаела Санева, Ева Џагора од Скопје и Сара Трајкоска од Прилеп. Македонската спортско – качувачка експедиција за Москва ќе замине во петок на 20 август а од таму директно ќе патува за Воронеж. Првите натпреварувачки дисциплини ќе започнат во сабота и тие ќе се одвиваат во четири возрасни категории.
Герасимов Драги – Пушка Mnet.mk