ВМРО ДПМНЕ: Таткото на градот си го нема исчистено дворот, а камоли градот!

Хаварисаните возила се отстранија, но ѓубрето остана, истакнаа денес на прес од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Како што велат тие, претходно, Градоначалникот спроведувал акција за отстранување на хаварисани возила, гаражи и шупи, но немал намера да ги отстрани автобусите од пред компанијата Баргала. Сепак, истите после долго време биле отстранети на нивна иницијатива.

За ваквото нивно обвинување кон Градоначалникот, тој истакна дека ја пофалува нивната иницијатива за чистење на ѓубре од јавни површини. Истото помалку го имало благодарение на ЈП „Исар“. Но, додаде дека автобусите не се во сопственост на АД Баргала, туку продадени на трето лице.

Тој потенцираше дека ги поддржува ваквите акции и им се заблагодари на ВМРО ДПМНЕ Штип што после осум месеци за првпат направиле една вистинска акција. Јасно е дека ако ВМРО ДПМНЕ имаат кандидат на престојните избори, ќе ги изгубат катастрофално како и оние во декември, додаде Николов.

Ребека Спасова МНет