
Во периодот од 10 до 21 Август, главниот град на Босна и Херцеговина Сараево ќе биде домаќин на претстојното Европско првенство во бокс за деца , schoolboys & schoolgirls. Во состав на репрезентацијата на Република Македонија учество ќе земат шест деца од кои пет во машки и едно во женска конкуренција. Репрезентацијата ќе биде предводена од три тренери, истакнати боксерски имиња и великани во боксот. Димитар Ташков, Алија Мухамед и Насер Харуни. Претседателот на БК Пинк Пантер Илија Младеновски во оваа прилика не запознава со претстојните активности.
- „ На списокот на репрезентацијата се Алиџан Демиров и Мила Ѓорѓиева, боксери победници во своите категории од државното поединечно првенство на Р.Македонија за 2021г, двајцата од БК Пинк Пантер Тим од Штип. Во моментов, Алиџан и Мила активно се подготвуваат во матичниот клуб под водство на тренерот Бајрам Мејдин кој е задолжен за брусење на боксерската норма и кондициона подготовка за претстојното ЕП, како и тренерите на клубот Ристе Грбев и Димитар Ташков. Очекувањата пред се на Боксерската федерација на Македонија, а и на управата во нашиот клуб се големи и реални, односно по квалитетите со кои располагаат боксерите, вложената и напорна работа и труд и пред се мотивот за успех на самите боксери ни дава за право да очекуваме одличие, односно медал. Ова за нас претставува и историја, затоа што Мила и Алиџан се првите боксери од БК Пинк Пантер кои учествуваат на официјално европско првенство. Како боксер поединец во клубот е Димитар Ташков кој е учесник на повеќе европски и светски првенства, во времето кога беше млад боксер и кој потекнуваше од боксерската школа на БК Баргала, но ова е прва генерација која е дирекно од боксерската школа на БК Пинк Пантер Тим. Мотивот и желбата се огромни, а веќе и влегуваме во последната фаза на припрема и мислиме дека ѓи исполнуваме сите услови за да ја освоиме Европа, односно одличје од ЕП. Алиџан Демиров и Мила Ѓорѓиева важат за едни од најперспективните боксери во Р.Македонија, Алиџан потекнува од боксерска фамилија со традиција, внук на познатиот Раман Демиров, односно близок роднина на Омер Демиров, Фаик Демиров,Таир Демиров и познатиот Џемаил Демиров, а Мила е чудото од дете кое од кога влезе во салата во 2013г на свои 6 години тогаш, знаеше дека ќе биде светски шампион, сон и пат кон кој веќе започнува да чекори и да отвара врати. Во блиска иднина, се надеваме и од претстојново Европско првенство, нашиот клуб и нашиот убав Штип ќе биде закитен со медал и ќе има свој вистински боксерски шампиони. Штип од секогаш важи за боксерски град, и тоа најдобриот во Македонија. Во Штип, покрај БК Пинк Пантер во моментов има уште три активни боксерски клубови, познатата БК Баргала, БК фам Демирови и сега ново реактивираниот БК Звезди, кој работи под водство на некогашниот боксерски АС – Омер Демиров. Боксерски Штип ги има сите предуслови за успех, само прашање на време е кога ќе се закити и кога ќе заблиста олимпиското злато“ . – Истакна Илија Младеновски, претседател на БК Пинк Пантер Тим – Штип
- Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk