
Со одигрување на два натпревари, вчера започна новиот шампионат на Првата OTP BANK лига на Унгарија. Еден од тие беше и натпреварот Ѓирмот – МТК кој заврши нерешено 1:1 (1:0). Домашниот тим дојде во водство од 1:0 во 27 минута и со тој резултат се отиде на одмор. За тимот на МТК веќе втора сезона настапува штипјанецот Бојан Миовски кој со своите игри и особено со постигнатите голови ги собра симпатиите и на раководството и на навивачите на унгарскиот тим. Токму Бојан Миовски беше стрелец на израмнувачкиот гол што го постигна во 54 м. и со тоа му донесе драгоцен бод на својот тим од ова тешко гостување. Со воведниот гол Бојан Миовски на голама врата ја најавува и својата кандидатура во македонската сениорска репрезентација која полека, но сигурно по неколкуте откажувања се „реновира“. Сигурно ова ќе биде и показател за новиот селектор Благоја Милевски да „фрли око“ на младиот Бојан Миовски и посериозно да ги проследи неговите настапи во унгарското првенство во пресрет на претстојните квалификации за СП што во 2022 г. ќе се одржи во Катар. Инаку тимот на МТК во второто првенствено коло на 7 август на домашен терен ќе се сретне со екипата на Хонвед.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk