
Заради дефект на водоводната линија без вода за пиење ќе бидат оставени жителите од населба Караорман се до санирање на дефектот. Ова како известување утринава се најде на страницата на ЈП Исар. Меѓутоа и во текот на претходните денови речиси секојдневно има дефект на водоводната линија со што некој жители од градските или приградски населби во Општина Штип се оставен без вода за пиење. Ова се должи пред се на фактот што Штип ја има најстарата водоводна мрежа страна пеесетина години. Истовремено се очекува од септември штипјани да добиваат пивка вода од хидро системот Злетовица, со што се поставува прашањето нема ли да има дополнително пукање на цевките и како истите ќе го издржат зголемениот проток на вода. На ова прашање директорот на ЈП Исар Здравко Коцев се повика на изјавата која неоддамна беше изјавена од првиот човек на градот под Исарот, Сашко Николов. Цевките треба да бида променети до септември.
„Градоначалникот на Општина Штип, д-р. Сашко Николов во една своја изјава кажа дека Штип има средства, тие се повеќе од 30 години на сметка и парите се за водоснабдување. Како што разговаравме главниот акцент во неговата програма ќе биде реконструкција на водоснабдителните линии“ – кажа Коцев.
Меѓутоа без конкретен одговор дали целота реконструкција на водоводната линија ќе биде завршена до септември кога штипјани ќе се снабдуваат со вода за пиење од хидросистемот Злетовица. Коцев посочи дека по загубата на вода Штип се наоѓа во средни општини.
Проблемот со водоснабдувањето во Штип годинава го достигна својот максимум односно водата се троши неконтролирано. Постојаниот апел никако да вроди со плод, па Коцев често пати истакнува дека финансиски средства ќе има, но водата не.
Лаура Стојанова М-Нет