Отворен огласот за реонски попишувачи и инструктори во Општините Штип и Карбинци

Отворен огласот за избор на реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис, којшто ќе се спроведе од 5 до 30 септември годинава. За реон 16, односно Општините Штип и Карбинци, потребни се 129 реонски попишувачи и 13 реонски инструктори, а можност да се пријават имаат до петти август годинава. Шанса да се пријават на огласот имаа и оние лица кои се пријавиле за претходниот пат, кога се бираа попишувачи и инструктори.

За граѓаните да може да се пријават на огласот треба да бидат полнолетни и да има завршено најмалку средно образование. Тоа значи дека и средношколците кои сега завршија може да се пријават. Истовремено лицето треба да биде невработено.

По завршувањето на огласот ќе се одржи тестирање коешто исто како и претходниот пат ќе се одржи во спортската сала во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. Попишувањето на дијаспората важи и нема да се спорведува од почеток.

Лаура Стојанова М-Нет