
На 23.07.2021 во 06.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Н.В.Б.(35) од Кочани затоа што околу 03.00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.07.2021 во 12.10 часот во Полициската станица Кочани, 31-годишна жена од село од општина Чешиново-Облешево пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.Т. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.