
Вчера во Приштина започна Балканското првенство во Одбојка за играчи до 20 години на кое првенство настапува и селекцијата на Македонија. Во првото коло се одиграа три натпревари при што се постигнаа следните резултати:
Бугарија – Албанија 3:0
Црна Гора – Турција 1:3
Косово – Македонија 1:3 (22:25) : ( 25:21 ) : ( 26:28 ) : ( 23:25 ) …
Интересна возбудлива и драматична беше играта во која и самиот резултат покажува дека играчите на теренот водеа борба за секој поен и сет, за да на крај нашите дечки се радуваат на првата победа. Денес на програмата ќе бидат натпреварите од второто коло во кое се среќаваат:
Црна Гора – Косово
Турција – Албанија
Бугарија – Македонија
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk