Нема препораки за дополнители рестрикции за организирање на свадбени прослави

Нема заострување на мерките за заштита од невлидивиот непријател, ниту пак препорака да се укинат свадбените прослави на затворено. На состанокот на Комисијата за заразни болести, којшто се одржа утринава, беше заклучено дека мерките би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба, а засега состојбата е стабилна.

Зголемениот број на новозаразени лица од Ковид 19 пред сè се во Тетово, а причината се свадбени прослави и непочитувањето на донесените мерки и протоколи за заштита од корона вирусот.

„Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации“, велат од Комисијата за зразни болести.

Од Министерството за здравство апелираат да се почитуваат донесените мерки и протоколи за заштита од Ковид 19, како носење маска во затворен простор, одржување дистанца и користење на средство за дезинфекција.

Инаку, по пауза од еден година, на 1 јули годинава се донесе одлука да се организараат свадби веселби и прослави во затворен простор со максимум 250 гости.

Лаура Стојанова МНет