
Од 1 до 30 септември за учениците и од 1 во 30 октоври за студентите е рокот за достава на документите за продолжување на правото за стипендија, информираат од Министерството за образование и наука.
МОН на својата веб-страница објави дека документи во наведениот рок може да поднесат сите корисници на правото на ученичка односно студентска стипендија остварено во некоја од изминатите учебни/академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на стипендијата.
Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.
Корисниците на ученичка стипендија пак треба да достават потврда за редовен ученик и копија од последното свидетелство.
Документите се поднесуваат електорнски, а доколку користниците не се во можност да го сторат тоа електорнски истите се доставуваат преку писарницата на МОН.
Лаура Стојанова М-Нет