Задоволителен пазарен ден во Штип и за продавачите и за купувачите

Денешниот пазарен ден во Општина Штип задоволителен и за купувачите и за продавачите. За разлика од претходиниот петок дел од цените на производите останале исти, а дел од производите се со покаќена цена. Но до 11 часот 80% од робата беше продадена, велат купувачите додавајќи дека граѓаните избираат да пазаруваат во утринските часови бидејќи температурите се пониски.

Производителите на овошје и зеленчук кој секој петок се присутни на пазарот во Штип, а се од регионот велат годинава заради сушата производтвото е намалено и потешко е за обработување и одгледување.

Купувачи задоволни од цените на пазарот во Штип, но согласни дека без финансиски средства тешко да се обезбедат и основните потребни производи.

Продолжува сезоната на овошје и зеленчук па и топлите температури не ги спречија штипјани да ги подмират своите потреби и да си купат намирници.

Лаура Стојанова М-Нет