Николов: За брзо време игралиштето во населба „Сењак“ во Штип ќе добие ново осветлување

Детското игралиште кое се наоѓа меѓу зградите во населба Сењак во Општина Штип е вистински простор за најмалите да го поминуваат своето време таму, да играат и да се забавуваат. Овде не изостанува и можноста за повозрасните да одмараат заедно со своите дечиња и внуци, но и да се разладуваат во топлите летни денови. Вака сликата за ова игралиште е идеална, но само додека да се смрачи и додека да зајде сонцето. Навечер кога температурите се намалуваат и времето дозволува да се одмара во ладовинка, недостасува осветлување. Имено, со реакција на тамошните граѓани дека ова игралиште нема осветлување и знае да претставува проблем екипата на М-Нет беше таму. Станарите од зградите не зборуваа пред камерите, но зад нив ни го посочија проблемот со кој се соочуваат. Ќе добие ли ова игралиште осветлување и кога одговор побаравме од првиот човек на градот под Исарот, доктор Сашко Николов.

„Во однос на детските игралишта и спортските игралишта во целата општина ние работиме на терен, веќе е во завршна фаза тендерот за набавка на кошаркарски табли, обрачи, голови, стативи и други реквизити кои што се на теренските терени. Имавме проблем со набавка, бидејќи беше завршен тендерот за осветлување и сијалици, така да и тој е веќе во завршна фаза ќе се донесат тие посебни рефлекторни светла за игралиштата и тоа е во план да се осветли иралиштето. Пред три месеци работеше тоа осветлување на самото игралиште меѓутоа поради дефект се случува, се расипаа сијалиците и во брзо време ќе биде осветлено тоа игралиште“ – истакна Сашко Николов, градоначалник на Општина Штип.

Согласно на ова се очекува со завршувањето на тендерот за набавка на сијалици и ова изгралиште повторно да биде осветлено. Николов посочи дека во брзо време треба да биде завршено осветлувањето овде, а воедно и останатите игралишта во Општина Штип да добијат она што и  недостасува, реквизити, сијалици или слично.

Лаура Стојанова М-Нет