
Фудбалскиот клуб Слога од Виница ги започна подготовките за новата сезона во ВМФЛ – Исток на 5 јули на сопствениот терен. Шефот на Стручниот штаб на Слога Никола Кузманов раководи со тренинзите кои се одвиваат на два пати дневно со играчи кои го сочинуваа минатогодишниот костур на екипата а на кои веќе се приклучија и неколку нови имиња. Тоа се штоперот Кристијан Митровски кој дојде од тимот на Кадино, везистот Мартин Петровски кој дојде од Плачковица, напаѓачот Васил Крстев кој дојде од Хоризонт Турново и Благој Стојанов везен играч од Кожув. Со тимот работат уште неколку играчи кои се на проба и ако задоволат ќе се потпише договор и со нив.
Веќе е направен план и програм за одигрување на пријателски контролни натпревари, веќе утре сабота тимот на Слога ќе патува во Градско каде што ќе се сретне со екипата на Локомотива. На 24 јули во Пехчево силите ќе ги одмерат Кит Го и Слога а на 1 август во Виница ќе се сретнат Слога и Кожув. Во план се одигрување на уште три натпревари, но за нив дополнително ќе информираме. Никола Кузманов посочи дека амбициите на клубот се враќање на некогашните традиции кога Слога претставуваше респектабилен македонски тим а во овој случај најпогодна варијанта е подобрубање на минатогодишниот пласман. Услови има, подршката од сите фудбалски структури е на високо ниво, се работи професионално се со цел спроведување на нова успешна второлигашка сезона.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk