Продолжува голготата за Бањоглави од Долни Балван, утринава на сила ги селеа од сопствениот дом

Ова беше дел од сликата денеска во Долни Балван кај Ристе Бањоглав. Откако пред месец дена во нивнот дом пристигна полицијата со налог Ристе и неговото семејство да се иселат од сопствениот дом и имот, утринава во дворот на Бањоглав беа пристутни и полициски службеници, и извршителката, а беше започнато и со носење на нивните работи.

„Од сабајле се случува кордон од полиција, камион, извршители, децата ми спиеја, дојдоа полицијците и на сила на нелегализираните објекти сака да ме извршува и на легализираните. Од 643 илјади долг, милион и двесте и платив и го даде во доверение на доверителот“ – истакна Бањоглав.

Но, како што истакна Бањоглав, наместо решението да пристигне по пошта и тој и неговото семејство или да се иселат или да поденсат жалба до Апелација во рок од три дена, самата извршителка дошла со решението и започнала со носење на работите.

Бањоглав и неговото семејство цел живот рабитиле и создавале да имаат топол дом, кров над глава и егзистенција. Друга алтернатива нема каде би заминале да живеат.

Одговор за целата ситуација побаравме и од извршителката која беше пристутна на местото на настанот, но таа отсечно одговри дека нема изјава за медиуми.

Лаура Стојанова М-Нет