Радувај се Штип, Дарко Алексовски и Мартин Димоски со Силекс во поход на фудбалска Европа

Четврток 8 јули ќе биде денот „ Д “ за екипата на Силекс од Кратово која во Скопје ќе го одигра првиот натпревар во рамките на Конференциската лига против екипата на Петрокуб од Молдавија. Она што ги радува симпатизерите на фудбалот во Штип е податокот дека фудбалерите Дарко Алексовски и Мартин Димоски ќе бидат дел од „походот кон Европа“ откако пристапија кон кратовски Силекс и се исклучително засилување за овој реномиран клуб.

Дарко Алексовски не го крие задоволството што заедно со Мартин Димоски го облекоа дресот на Силекс, вечерва се во карантин во хотелот Александар Палас и ќе дадат се од себе да постигнат успех во првиот европдски меч. Фаворитската улога можеби е на страната на молдавскиот преставник, но тука е потенцијалната шанса да се изненади противникот особено ако се има во предвид дека ќе има и реванш натпревар во Молдавија. Радоста на овие двајца штипски фудбалски докажани асови е малку поматена поради тоа што и покрај огромниот талент и желбата да го облечат дресот на Брегалница наидоа на молк поради што мораа да заминат и да се докажуваат во друга средина. Својата професионалност ја докажуваат и овде во Силекс наметнувајќи го својот играчки дух кој секако ќе дојде до израз во понатамошниот период и пред се бидејќи стекнуваат европско искуство кое им преставува императив во нивната кариера. Мартин Димоски и Дарко Алексовски својот прв европски натпревар Силекс – Петрокуб ќе го одиграат во четврток 8 јули на тренинг центарот Петар Милошевски со почеток во 16.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk