Мојсоски: До крајот на оваа недела треба да биде затворен базенот во населба Суитлак во Општина Штип

До крајот на оваа недела треба да биде затворен базенот во населба Суитллак во Општина Штип, истакна денеска Дирекоторот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски. Според првични информации базенот се предвидуваше да биде завршен во август, но пред околку месец дена Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, истакна дека заради пандемијата и затворање на компанијата која требаше да работи на затворање на базенот временскиот рок е пролонгиран. Базенот и неговите активности се под ингеренција на Агенцијата за млади и спорт, па Мојсоски додаде дека до крајот на октомври овој базен треба да биде целосно завршен.

„Таму после пандемијата се случија некои проблеми, но дефинитивно се донесени веќе панели, се работи на базенот мислам оваа недела најкасно следна недела ќе биде покриен и ќе почнат машинските работи да се случуваат внатре. Беше застој на повеќе објекти во повеќе базети но вчера добив слики дека веќе 99% се затворени освен во Штип каде базенот е оставен последен да се затвори. До крај на октомври треба да се заврши“ – истакна Мојсоски.

Со крајните активности за завршување на базенот во октомври значи дека ова лето штипјани единствено ќе можат да одат во Аква расортот кој беше неодамна отворен или пак на сонце и вода со соседните општини кои имаат отворен и затворен базен.

Лаура Стојанова М-Нет