Одбојка: Младата селекција на Македонија на подготовки во Штип

Петмина штипски одбојкари се на списокот на Селекторот Ване Санев а во состав на младата репрезентација на Македонија за претстојната Балканијада што ќе се одржи во Косово. Во спортската сала на СОУ „Никола Нехтенин“ во Штип од 4 до 19 јули по два пати дневно тренираат и се подготвуваат за овие нови искушенија младите одбојкари меѓу кои се и штипјаните: Михајло Мирасчиев, Трајче Барбареев, Давид Киров, Кире Глаев и Филип Пуздерлиски.Во работата на селекторот Ване Санев му помагаат тренерите Кристијан Ристевски и Љупче Зенделов што е голема чест и признание за штипските одбојкарски стручњаци. Инаку Балканското првенство за млади во Одбојка ќе се одржи во Косово во периодот од 20 до 24 јули.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk