Регистрирани нови 16 случаи на ковид 19 од направени 2 873 тестирања, нема починати лица

Во последните 24 часа од направени 2 873 тестирања позитивни се 16 случаи на ковид 19 и тоа: четири во Тетово, по три во Скопје и Струмица, два во Куманово и по еден случај во Прилеп, Гостивар, Охрид и Струга информираат од Министерството за здравство. Не се регистрирани починати пациенти, а оздравени се четири лица. Во дваесетина градови во државата нема ниту еден активен случај со корона висрусот, а во овие дваесетина градови се запишани и шест општини од Истокот. Во Штип, Кочани, Делчево, Виница, Пробиштип и Македонска Каменица активни ковид случаи нема.

Според Информации од Министерството за здравство досега во земјата се направени вкупно 894.904 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројката на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 142.

Лаура Стојанова М-Нет