
Пласманот на ФК Брегалница во Првата Македонска фудбалска лига им донесе нови 1.5 милион денари како дополнителен износ на веќе доделените 6 милиони кога Брегалница го имаше второлигашкиот статус. Според договорот на Локалната самоуправа на Општина Штип и на ФК Брегалница финансиската „инекција“ ќе изнесува 9 милиони денари на годишно ниво, нешто кое ќе важи за следната година. Инаку Брегалница се наоѓа на подготовки во Пехчево за да на 10 јули отпатува на подготовки во спортско – туристичкиот центар Златибор во Република Србија. Првенството на Првата Македонска фудбалска лига ќе започне комбинирано на 7 и 8 август а Брегалница веќе длабоко навлезе во јубилејот 100 години од формирањето на клубот за кое нешто беше предвидено одигрување на фудбалски натпревар Брегалница – Хајдук од збратимениот град на Штип, Сплит од Република Хрватска.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk