Средствата од промовираната книга на м-р. Коце Стојменов ќе се наменат за изградба на црквата во с. Бели, кочанско

Промовирана книгата „Културни историски традиции во село бели, кочанско“ на авторот м-р. Коце Стојменов. Книгата е магистерски труд кој се состои од 11 поглавја во кои се опишуваат културните случувања, односно фолклорните елементи во ова село.

„Ова е втор труд пишуван за село Бели, малку поразличен од првиот, повеќе се задржуваме на културните случувања, односно етнолошко културните елементи, значи сакавме малку да се тргнеме од она историско, историско, историско. Народот создавал секогаш и нешто друго вредно што треба да го бележиме“ – кажа Коце.

Во ова дело е опфатено настанокот, местоположбата, обичаи и верувања во кочанското село Бели, информации кои се истражувани и кои ќе останат запишани и на кои ќе може да се потсетуваат генерации и генерации.

Ова е втор магистерски труд за село Бели, кочанско, а промоцијата е дел од културните активности кои се одржуваат во Кочани по повод празникот на градот, Петровден. Делото „Културни историски традиции во село Бели, кочанско“ се продава по цена од 300 денари, а средствата кои ќе се соберат ќе бидат донирани за изградба на црквата „Свети Спас“ во село Бели.

Лаура Стојанова М-Нет