
На 04.06.2021 околу 16.40 часот во СВР Штип, Г.С.(22) од с.Петралица, Ранковце, пријавил дека околу 17.00 часот во с.Ратавица, пробиштипско, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.А., К.А., двајцата од Крива Паланка, Т.С., Т.С., И.С. и С.С., сите од с.Трипатанци, пробиштипско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.