Националното здружение „Храбро срце“ се залага за подигање на свеста за донирање на органи

Од  Националното Здружение на механичка потпора на срце „Храбро срце“ кои се залагаат за законски измени во насока на индвидуално одлучување за секој од нас за време на животот за дарување на органите во случај на мозочна смрт што веќе е пракса во многу развиени држави. Се фокусирани на органодарителство кои веќе две години активно се залагаат за подигање на свеста, да слушне обичниот човек. До сега се извршени четири трансплатации на срце, пет на бубрези, неколку на црн дроб и на коскена срж.

Колку е листата на пациенти кои чекаат трансплатација на срце?

„Но за чекање во врска со трансплатација на срце не знам и не можам да ја кажам бројката. Но, можам да кажам дека се извршени неколку трансплатации на срце, пет на бубрези, неколку на црн дроб и срж. Се конслутираме и со нивните семејства и целта ни е за подигање на свеста.“Изјавува, Минов- член на Национално Здружение „Храбро Срце“

Законот за органодарителство значи дека секој жител на Македонија е органодарител. Но, кои се правилата и каква е процедурата?

„Последен збор има фамилијата тие се наоѓаат во најтешката задача за која треба да одлучат што понатаму бидејќи, се во шок. Се разговара со нив и на нивно барање се прави трансплатацијата.“ Изјавува, Минов- член на Национално Здружение „Храбро Срце“

Искрено и напорно работиме со нашите компании и тоа не го работиме само за нашето членство, напротив секој жител на нашата држава е потенцијален примател. Бидејќи, никогаш не знаеме кога тоа на нас ќе ни затреба или на некој наш близок пријател. Вели, Минов

Надица Стојковска/ М Нет