Цените, побарувачката и потрошувачката на пазарот во Штип идентични како и претходниот петок

Првиот петок во месец јули за продавачите на градскиот пазар во Штип умерен. Велат цените речиси идентични како и претходниот петок. Топлото време и високите температури делумно влијаат врз намалената раздвиженост на граѓани, но потребите мора да се задоволуваат па најпотребното се купуваше и денеска. Во сезоната на боста и дињи, домати и пиперки најмогу тоа и се трошеше.

Купувачите велат цените високи платите мали, но мора да се јаде и со оглед на тоа и покрај топлото време мора да се излезе и да се пазарува.

Околку пладне во градскиот пазар во Штип присутни беа повеќе продавачите на кои им останала роба, купувачи немаше многу, но во главно може да се заокружи дека сликата беше речиси идентична како и последниот пазар од месец јуни.

Лаура Стојанова М-Нет