Регистрирани пет нови случаи на Ковид 19 и едно починато лице од Виница во последните 24 часа

Регистрирани нови 5 случаи на ковид 19 од направени 2531 тестирање во последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство. Од овие пет, две лица се од Скопје и по едно лице во Велес, Кавадаррци и Берово. Регистрирано е едно починато лице од Виница на 76 годишна возраст а битката со невидливиот непријател ја изгубило во болничи услови. Оздравени се 86 пациенти.  Според податоците од Институтот за јавно здравје во Општините од Истокот има активни само 3 случаи на ковид 19 и тоа еден активен случај во Штип и два во Берово. Останатите општини од регионот Кочани, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево и Македонска Каменица се без ниту еден активен случај на корона вирусот.

Инаку, Досега во земјата се направени вкупно 881.870 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.689, бројката на оздравени пациенти е 150.063, на починати е 5.485, а бројот на активни случаи изнесува 141.

Лаура Стојанова М-Нет