
Од денеска започнуваат петровденските пости. Овие пости започнуваат недела дена по педесетница, празник кој е 50 дена по големиот христијански празник Велигден, и завршуваат на 12 јули односно на празникот Петровден.
„Од денес започнуваат апостолските или кај народот познати петровденски пости кои се востановени во чест и слава на светите апостоли Петар и Павле. Овие пости нивниот почеток не е фиксиран туку зависи од тоа кога ќе падне Велигден односно почнуваат секогаш една седмица по големиот празник Педесетница и траат до 12 јули“ – кажа свештеник Димитар.
За овие пости предвиден е и начин на нивно постње односно во одредени денови од неделата дозволени се разни продукти на исхрана.
Светите апостоли Петар и Павле се празнуваат во Кочани на разни начини бидејќи се сметаат за заштитници на градот, и затоа се приредуваат разни манифестации пред нивното празнување.
Годинава во зависност од она што го дозволува пандемијата и протоколите граѓаните навремено ќе бидат известени за начинот на одбележување на празникот Петровден.
Лаура Стојанова М-Нет