
За еден милиони денари поскапо ќе чини чистењето на депонијата во Штип споредбено со претходните години, обвинија денеска на прес од ОК на ВМРО ДПМЕН Штип. Од таму прашуваат дали има злоупотреба на функцијата во делот на јавни набавки, па по назначувањето на старо новиот директор на ЈП „Исар“, ситуацијата драматично се менува?
„Дали во ЈП „Исар„ има злоупотреба на функцијата во делот на јавни набавки?
Дали за неполни три месеци од назначувањето на новото раководство веќе има индиции за криминал и провизии од тендери во најбогатото јавно претпријатие во нашата општина.
Имено, во 2018 година чистењето на депонијата изнесувало само 1.579.620 денари.
Тука некаде бил износот и во наредните години, но во 2021 година, после стапување на фукција на старо-новиот директор, драматнично се менува ситуацијата во јавното претпријатие“ – кажаа од Вмро.
Одговорот на новиот директор на ЈП Исар Здравко Коцев во духот на европското првенство, вели ваква шанса за гол и да посакувал никој соиграч не би му ја пружил.
„Им благодарам на ВМРО ДПМНЕ што така еве отворено се грижат за општинските пари, но фактите кажуваат нешто друго. На 24.12.2019 се распишува тендер на 687,999 денари. Само после пет месеци 28,05,2020 година се распишува тендер за истата работа 2.122. 491 денар или вкупно 2.810.490 денари. Ние за 2021 година предвидовме 2.548.800 денари што значи дека разликата во минус е 262 илјади.“ – истакна Коцев.
Коцев им порача на загрижените граѓани од ВМРО ДПМНЕ да се информираат како изгледа една современа депонија и што се треба да се направи.
Лаура Стојанова М-Нет