Започна вакцинирање со кинеска вакцина„Синовак“ во Штип

Започна за прв пат вакцинацијата со кинеската вакцина „синовак“  во салата Јордан Мијалков во Штип. Ококу 500 граѓани денеска ќе примаат прва доза вакцина, а исто толку има закажано и за утре. Вакциналниот пункт во Штип ќе работи заклучно со утре, а за наредната седмица сеуте не се знае со кои вакцини ќе се аплицира прва доза вакцина.

Вакциналните пунктови од регионот кои претходно влечеа вакцина од салата „Јордан Мијалков“ во Штип, сега со директна пратка добиваат вакцина од производителот „Синовак“. 

Според информации од Министерствот за здравство Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Вкупно се аплицирани 458.131 дози вакцини, а ревакцинирани се 195.048 граѓани

Со последните бројки 48% од населението над 70 години ,42% од населението над 65 години , 36% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.

Лаура Стојанова М-Нет