Пехчево и Златибор ќе бидат подготвителните бази за прволигашот Брегалница

Раководството на штипска Брегалница го објави планот и програмата за подготвителниот период кој наскоро престои. Спортскиот директор Емил Тодев беше исклучително педантен околу тајмингот на претстојните активности кои предвидуваат со подготовки да се почне на 21 јуни во Штип. Фудбалската експедиција на Брегалница на 28 јуни ќе замине на подготовки во Пехчево, за да на 10 јули се замине на Златибор, Република Србија. По враќањето од Србија на 23 јули па се до почетокот на првенството подготовките ќе се одвиваат во Штип.Веќе се договорени и пријателски контролни средби:

На 3 јули во Пехчево ќе се сретнат Брегалница – Борец Велес

На 11 јули ќе играат Брегалница – Морнар,Црна Гора

На 14 јули Брегалница – Графичар, Србија чиј тренер е Бошко Ѓуровски.

Пред почетокот на првенствот Брегалница ќе одигра уште две контролни средби а противниците дополнително ќе се објават:

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk