
Со денешните околу 800 пациенти закажани за ревакцина завшрува процесот на ревакцинација во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Околу 15 илјади и 500 граѓани се ревакцинирани овде, а 500 во регионот. Со ова заопкружена е бројка од околу 20 илајди ревакцинирани граѓани.
Почнувајќи од 4 мај годинава досега немаше застој во вакциналниот пункт во Штип за примање прва или втора доза вакцина. Во меѓувреме медицински екипи одеа и по домовите на стари, болни и изнемоштени лица кои сакаат да примаат вакцина, а не можат да дојат до вакциналниот пункт. Вакцинацијата и ревакцината во салата Јордан Мијалков во Штип се спорведуваше со вакцините од производителот „Фајзер“ и кинеските вакцини „Синофар“. Повозрасното население кое се вакцинираше со вакцините на Астра зенека тоа се спорведе во Здравствениот дом Панче Караѓозов во Штип.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани. Досега во земјата се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани.
Лаура Стојанова М-Нет