
Од вчера изутрина се трага по исчезнатата 16 годишна Наташа Николова од село Оризари, кочанско. Последен пат е видена во 8 часот наутро и откако излегла од дома и се губи секаква трага. Постот со девојчето кружи по социјалните мержи, а случајот е пријавен и во Полициска станица. Од СВР Штип информираат дека На 10.06.2021 во 23.30 часот во Полициската станица Кочани, Ј.Н.(53) од н.Оризари, кочанско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Н.Н.(16).
Таткото на 16 годишната Наташа со апек до граѓаните доколку ја забележат да се јават на телефонскиот број или во најблиската полициска станица.
Девојчето вчера изутрина излегло да оди до училиште и не се вратило. Нејзините родители, роднини и пријатели трагаат по неа, по секаков слушнат глас или трага. Од СВР Штип потврдија дека исто така се работи на пронаоѓање на Наташа.
Лаура Стојанова М-Нет