Кој кому треба да се извини, препукувањата на Општина Кочани и Симонова добиваат пресврт

Нов пресврт добија препукувањата на Општина Кочани и претседателката на здружението Греен орг од Кочани. Откако пред неколку дена, од Општина Кочани побараа јавно извинување од претседателката на Греен Орг, Ана Симонова, заради ширење на невистини и замајување на јавноста како што стоеше во соопштението од општината, вистината излезе на виделина. Впрочем, во писменото барање на Симонова до Општина Кочани се наведува дека Дис енергија има склучено договор со државата во 2018 година и им е издадена водна дозвола, а воедно Дис енергија ја има исполнето својата обврска за уплата на концесија кон Општина Кочани.

„По добиените насоки од Министерството за животна средина дека обврската на Дис енергија кон Општина Кочани е подмирена во однос на водната концесија, најпрвин од Општина Кочани добивме во неколку наврати негтивни одговори дека всушност немало такви финансии па дури добивме и закони за тужби како и повеќе навреди, но за ден два излезе вистината на виделина така што од Општината од финансии ни потврдија дека финанции всушност се пуштени и дека обврската на Дис енегрија кон Општина Кочани е подмирена“ – истакна Ана Симонова, претседателка на „Green org“.

Симонова сега бара Општина Кочани јавно да и се извини и да го повлече нивното соопштение од страната на општината, во спротвино правно ќе се постапува.

„По излегување на вистината на виделина ние како здружение побаравме извинувањето да ни се врати, исто така баравме постот нивни на страната на општината да биде повлечен.“ – кажа Симонова.

Од Општина Кочани во писмено соопштение истканаа дека извинување нема да има.

Во врска со барањето од претседателката на Здружението „Грин.орг“ за јавно извинување за изречена навреда и клевета врз неа, Општина Кочани ја известува јавноста дека простор за извинување нема. Таа продолжува со натамошно дезинформирање и замајување на јавноста. Општина Кочани стои зад фактите дека:

  1. Нема примено 30.000 евра по основ на концесија за мини-хидроцентралата на Мала Река;
  2. Не постои и не може да постои долг за концесија на правниот субјект ДИС Енергија кон Општина Кочани;
  3. Договор за концесија не склучува Општина Кочани, а со тоа и не може да побарува за наплата;
  4. Договорите за концесија се склучуваат помеѓу концесионерот и надлежното министерство.
  5. Извод од Општина Пробиштип не е документ и за Општина Кочани.

Општина Кочани ниту смее и ниту сака да прикрива информации. Во функција на транспареноста е слободниот пристап до информации од јавен карактер. Досега Општина Кочани нема ниту едно такво барање од Здружението „Грин. орг“, ниту од неговата претседателка. Стоеше во соопштението од општината.

Лаура Стојанова М-Нет