Баражот за влез во ВМФЛ – Исток ќе се одигра на „градски“ во Штип

Градскиот стадион во Штип ќе биде „отскочка даска“ за една од двете второпласирани екипи во ТМФЛ од групите Југ и Исток за влез во ВМФЛ – Исток. Официјално бараж натпреварот ќе се одигра помеѓу второпласираниот тим од југот Братство од Житоше и второпласираниот тим од истокот, екипата на Хоризонт од Турново. Овој бараж натпревар ќе се одигра на градскиот стадион во Штип во среда 9 јуни со почеток во 16.00 часот. Победникот од овој бараж меч ќе го пополни местото испразнето со испаѓањето на тимот на Плачковица од Радовиш а нови членови во Втората лига – Исток се прваците Детонит од Радовиш и Локомотива од Градско. Покрај нив Втората лига Исток во новата сезона ќе ја сочинуваат уште и екипите на : Беласица, Кит Го Пехчево, Кожув, Победа, Слога, Каменица Саса и Осогово.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk