
Откако во 2011 година господинот Слободан Стојанов од виничко продава 45 јагниња започнува да се соочува со се по сериозни проблеми, во кои навлегуваат тој и неговото семејство, пред се заради верба во првдата во државата. 10 години потоа Стојанов се уште се наоѓа пред вратите од судовите, бараќи правда за неговото дело. Останал и без јагниња и без пари, притоа приморан тој да исплати милионска сума пари. По последното судење во Виница, Стојанов својата приказна ја изнесе и пред камерите на М-Нет.
„Денеска бевме повикани во судот во Виница поради мојот адвокат ме тужи бара пари 140 илјади неплатени, а јас му ги имам исплатено со сведоци.“ – кажа Слободан.
Финансиските трошоци кои господинот Слободан ги има потрошено по судови и адвокати се неизмерливи, бидејќи како што вели тој потребно е големо сметало за да се пресмета таа сума, одејќи по повеќе градови низ Источниот дел од државата само за да најде правда, а моментално зарди блокирана сметка нема платено ниту здравствено и пензиско осигурување.
Како сведок во Судот во Виница беше и господинот Александар Поповски, еден од сопствениците на фирма која сега е во стечај, а истата пред десетина години требало да ги исплати откупените јагниња од Слаободан.
Господин Стојанов доколку правдата не ја пронајде во нашата држава истата ќе ја бара во Меѓународни институции.
Лаура Стојанова М-Нет