
Одличната тимска работа, коректниот однос кон своите гледачи и професионалниот однос со своите спортски партнери допринесе најмладата штипска медиумска куќа Мнет ТВ да постигне брз и масовен успех поткрепен со признанијата кои пристигнуваат од разни страни. Најновата чест и големо признание доаѓа од европската „куќа на Фудбалот“ УЕФА со заслужената акредитација за наш активен ангажман на ЕП во фудбал ЕУРО 2020 кое доаѓа на препорака и благодарејќи на одличната соработка со раководството на ФФМ.

Портпаролот на ФФМ Златко Андоновски со свој коментар за пријателскиот натпревар Македонија – Словенија, за најновите актуелности повзани во фудбалски Штип. Градот Штип е еден од најценетите фудбалски центри во Македонија и радува успехот на Брегалница, нејзиното враќање во Првата лига, како и оформувањето на градскиот стадион со градењето на нови трибини. Наскоро во Штип ќе бидеме сведоци на одигрување на квалитетни како клупски така и репрезентативни натпревари.
Македонија направи историски успех пласирајќи се на ЕУРО 2020 , победата против Германија не примора да погледнеме високо нагоре а со тоа да го стекнеме вниманието и симпатиите на светски познатите фудбалски имиња. Самиот пласман е наш голем успех кој никој не го очекуваше и во таква атмосфера треба да ги оставиме нашите фудбалери да играат како знаат и умеат.
До патувањето во Букурешт на 8 јуни фудбалската селекција на Македонија ќе одигра уште еден контролен натпревар во Скопје против репрезентацијата на Казахстан во петок на 4 јуни.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk