После подолга пауза трибините на националната арена “Тодор Проески” кои зјаеја празни, вечерва се наполнија со триесет проценти публика. Тоа беше доволно да се создаде една фантастична атмосфера по истрчувањето на двете репрезентации особено по интонирањето на химните.
Тоа е убав сигнал за нашите фудбалери во еден таков амбиент охрабрени и осоколени да настапат на Европското првенство во Романија.Резултатот на овој пријателски меч не е битен важно е да се создаде еден колективен дух, да се ” намирисаат” играчите и да го дадат сиот максимум токму таму каде што и треба.Нашата селекција веќе ги стекна симпатиите на многу европски и светски фудбалски имиња кои уште од сега предвидуваат изненадување од Македонија.

