Што ветиле, а што исполниле градоначалниците во Штип од редовите на СДСМ?

Слоганите „Живот за сите“ и „Во сигурни раце“ ќе останат запаметени како збир од најголемите лаги на кои посведочиле штипјани, посочуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Предизборните ветувања на сегашниот и претходниот градоначаник на Општина Штип останаа само предизборни ветувања, а штипјани ништо не видоа на дело обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

„Во Општина Штип, дури двајца треба да одговараат за изборна измама. Градоначалничкиот мандат едвај го поминаа двајца избраници на СДС, кои заеднички ветуваа, но на општо разочарување, на успејаа да ги остварат своите изборни програми. Штипјани останаа без брана на река Отиња, жичара на Исарот, спортско рекреативен центар Суитлак, сала за боречки вештини, сала за кино проекција;  гасот не протече низ домаќинствата, јавните институции и компаниите;  не се направија термоизолациони фасади, ниту катни гаражи;  младите не се вратија во Штип, нема нови инсвестиции, не се развија постоечките индустриски зони;  земјоделците во Караорман не добија вода за наводнување на нивите, туку закана за запирање на водата за пиење! 
Нема напредок во ниту една сфера од секојдневието на граѓаните, кое допринесува за нискиот рејтинг на владеачката гарнитура.  Затоа, во 5 до 12 се обидуваат да ја сокријат својата неспособност со чистење на отпад, или садење на 2-3 дрвца на ударни локации во градот.“ – истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Според ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, СДСМ со манипулирање на граѓаните сакаат да ја сокријат нивната неспособност и тоа што немаат ниту 30% од нивните преизборни ветувања реализирано.

Од ОО на СДСМ со одговор дека опозицијата која избега  од избори и претходно ја испразни општинската каса нема кредибилитет да зборува за успешноста на локалната влат.

„Во меѓувреме ги потсетуваме челниците на ВМРО ДПМНЕ за нашите големи остварувања од кои граѓаните имаат голем бенефит. За потребите на граѓаните продолжуваме да создаваме инфраструктура во урбаните и руралните средини.  Во Штип се гради како никогаш досега. Реконструкција на улици во руралните и урбаните средини, жителите на нас.Балканска добија чиста и здрава вода за пиење, изградивме нова детска градинка во нас.Сењак, изградивме 2 паркинг платформи, континуирано вложуваме во централното градско подрачје, по 60 години изградивме нов мост на р.Брегалница, по 40 години се реконструира ул.Панче Караѓозов, за прв пат во историјата Штип добива покриен базен, нас.Нов Караорман доби канализационен систем со прочистиелна станица, реконструкција на кровните површини  и подови во училиштата и спортските сали и многу други проекти со што расте довербата кај граѓаните.“
Браната на р.Отиња која е долговечен сон на секој штипјанец ја ветивме пред граѓаните и таа ќе се реалзира со тоа што е  завршен изборот за избедувач на изградба на браната и во тек е рокот за жалба. Истакнаа од СДСМ.

Одговор дадоа и од Општна Штип.

„ ВМРО ДПМНЕ се разбуди од зимскиот сон па така поспани ниту виделе што се случува во Штип, а и кога го гледаат знаат дека Штип денес е модерен и урбан град. Сите лаги кои ги изнесе Јорданов, се само едни во низата лаги на кои ниту тој самиот не верува. Јорданов е инаку пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Штип кој се исплаши да се кандидира за градоначалник затоа што знаеше дека штипјани ќе му дадат шут карта“ – истакнаа од кабинетот на градоначалникот.

Лаура Стојанова М-Нет