По 35 години СОУ „Јане Сандански“ доби нови санитарни јазли. Колку ќе се чека за кабинет по фармација?

По цели 35 години конечно завршена реконструкцијата на санитарните јазли во СОУ „Јане Сандански“ во Општина Штип. Со ова се обезбедува подобар престој на учениците, но и на наставниот кадар во ова училиште, а како што истакна првиот човек на Градот под Исарот, Сашко Николов ветеното се реалзира.

„Како што ветивме, така и реализираме согласно програмите на средното општинско училиште „Јане Сандански“ – Штип и општина Штип, завршивме со реконструкција на санитарните јазли. Оваа инвестиција изнесува некаде околу 2.400.000 денари, средства обезбедени од Општина Штип. Исто така набавена е и опрема за потребите на смерот Фармација од висина од 265 000 денари, а во тек е реконструкија на кабинетот за практична настава по фармацевски и хемиски предмети. Вредноста на оваа реконструкција е некаде околу 1 500 000 денари. Ја користам оваа можност да ги најавам следните активности за ова училиште: реконструкција на кабинет за забни техничари, за кој општината ке издвои 1 400 000 денари и целосна реконструкција на училишниот двор, за што се планирани 2 000 000 денари, исто така средства обезбедени од Општина Штип. Јас како градоначалник и локалната самоуправа и понатаму ќе продолжиме да работиме посветено, со цел подигање на нивото на образовниот пороцес, условите во училиштата и сосдавање на соодветен квалитетен кадар кој што ќе може ителектуално и академски да го надградува функционирањето на нашата Општина.“- истакна Николов.

Крајот на реконструкцијата на санитарните јазли во средното училиште Јане Сандански се од големо значење и за директорката Маја Гичева, но поголемо задоволство за неа е најавената реконструкцијата на кабинетот по фармација.

Во оваа учебна година во СОУ „Јане Сандански“ во Штип има 818 ученици поделени во четири профили во седум паралелки, а за упис од 14 јуни слободни се 834 места.

Учениците во ова средно училиште засега следат онлајн настава, освен праксата која се одвива со физичко присуство.

Лаура Стојанова М-Нет