
Одбојкарите на Македонија мошне убедливо го завршија вториот турнир во рамките на сребрената лига на Европа. Во Шлагелсе, Данска нашите одбојкари најпрвин со резултат 3:0 во сетови ја „збришаа“ Данска, со ист резултат 3:0 падна и Израел за да во третиот меч беше победен и Кипар со резултат 3:1. Македонија одигра вкупно 6 натпревари во кои постигна 5 победи а доживеа само еден пораз и тоа од Данска кога играа во Струмица, но на крајот беше прва. Така нашата селекција заедно со Данска, Хрватска и Унгарија ќе се борат за освојување и на највисокиот трон на Европа на турнирот кој како и првиот ќе се одржи во Струмица. Полуфиналните натпревари ќе се одиграат во сабота 5 јуни во кои ќе се сретнат:
Македонија – Хрватска
Данска – Унгарија
Веќе во недела 6 јуни во Струмица ќе се одигра финалниот натпревар по кој ќе се знае селекцијата која ќе се искачи на највисокиот, победничкиот трон.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk