75 возачи поминале на црвено светло на магистралниот пат Штип – Радовиш

На магистралниот пат  Штип Радовиш кај местото викано Калимерово каде сообраќајот заради изградба на патот се регулира со семафор денеска во периодот од 9 до 12 часот казнети 75 возачи бидејќи поминал на црвено, информираат од СВР Штип.

„Денеска во период од 9 до 12 часот на магистралниот пат Штип Радовиш полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип кај местото викано Калимерово спроведоа акциска контрола за непочитување на семафори каде поради изградба на експресниот пат сообраќајот е регулиран со семафори со наизменичен сообраќај. Притоа констатирани се вкупно 75 прекршоци и сите се соодветно санкционирани. Санкционирани се и два останати прекршоци.“ – кажа потпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Од СВР Штип со постојан апел до возачите и учесниците во сообраќајот да возат внимателно почитувајќи ги поставени сообраќајни знаци.

Лаура Стојанова М-Нет