
Стабилна ковид ситуација во болниците во Кочани и Штип. Нема зголемување на боројот на новоинфицирани ковид пациенти, бројот на слободни кревети поголем за разлика од новоинфицираните лица.
Во кочанската модуларна ковид болница бројот на хоспитализирани лица идентичен како и пртходното деноноќие. 5 лица се на болничко лекување и сите 5 се на кислородна поддршка. Слободни се 30 кревети и нема регистрирано ниту едно починато лице, информираше директорот на болницата Александар Серафимов.
Во штипската модуларна ковид болница исто во пораст бројот на слободни кревети. Хоспитализирани се вкупно 19 пациенти, а слободни се 28 кревети. 7 лица се на кислородна поддршка, и овде нема регистрирано ниту едно починато лице, истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Почитување на мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател остаануваат сеуште на сила, со цел ставање на крајна ковид пандемијата.
Според информации од Министерството за здравство досега во земјата се направени вкупно 778. 092 тестирања на Ковид 19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, оздравени се 146.940, починати 5.329, а моментално активни се 2,798 пациетни.
Лаура Стојанова М-Нет