Штипскиот Питагора Дамјан Давков со златен медал на Македонската математичка олимпијада 2021

Штипскиот Питагора, детето кое пред само неколку месеци ја крена јавноста на нозе по освоеното прво месо на натпревар по математика со средношколци, а тој беше седмо одделение, денеска повторно високо рангирано на натпревар односно Математичка олимпијада во Скопје. Осмооделенецот Дамјан Давков повторно покажувајќи дека знае и може се натпреварува во група со средношколци и го освојува златниот медал на 28та  Македонската математичка олимпијада 2021. Решавајќи задачи на повисоко ниво од она што се учи во осмо одделение. Под менторство на неговиот наставник Кокан Радев, Дамјан повторно докажува дека може и знае и дека заслужено го носи епитетот Штипски Питагора. Во меѓувреме по Македонската математичка олимпијада ќе се избираат најдобрите кои понатаму продолжуваат на Меѓународна математичка олимпијада.

Лаура Стојанова М-Нет