Во вторник ќе се спроведе втора тереистичка дезинсекција на територијата на Општина Штип

По втор пат во Општина Штип се организира тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Истата е предвидено да се спроведе во вторник на 25 мај во утринските часови.

„На ден 25.05.2021 година (вторник – наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 1 до 7 часот наутро, со апаратура за ладно запрашување“ – соопштија од општината.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачјето по течението на реките Брегалница и Отиња. Воедно се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Во Општина Штип претходно се спроведе ларвидна дезинсекција за уништување на ларвите од комарците, тереистичка дезинсекција како и превентивна дератизација против глодари.

Лаура Стојанова М-Нет