
На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатото деноноќие на 1 лице му е издадено Решенија за изолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 38 контроли над лица во изолација и 109 контроли над лица во самоизолација. Едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.
Забраната за движење не ја почитувале 8 лица, од нив 3 се приведени и 3 опоменати. На 5 лица им се земени податоци и ќе следуваат соодветни поднесоци. Поднесени се 2 известувања и 9 кривични пријави по чл.206 од Кривичниот законик. Контролирани се вкупно 161 објект.