Штркот Иле 14 години е домашно милениче кај господин Таки во село Облешево

Пред речиси 14 години во семјениот двор на господин Таки во село Облешево, дошол гостин. Од овде започнува и невообичаената приказна за штркот Иле, кој повредуваќји го своето крило останува да живее во дворот на ова семејство. Тие го прифаќаат како свое домашно милениче, грижејќи се за штркот, хранејќи го и нудејќи му секаква безбедност и заштита.

„Штркот е кај мене од 2007 година, сам си падна во дворот повредено му е крилото не може да се крене во воздух, правив напори да се оперира но никој не сакаше да се нафати на такво нешто. Од тогаш штркот е со нас заедно.“ – истакна Таки Стоилов, човекот кој се гриѓи за штркот.

Бидејќи штрокот дошол на 2ри август на празникот Илинден, го носи името Иле. Меѓутоа со тек на времето дознаваат дека тој е женско и сега се вика Илинка. Се храни со риби или храна до кој тој самиот доаѓа, има свое место за живеење и луѓе кои навистина го сакаат. Господинот Таки вели дека воопшто не е тешко да се грижи за штркот бидејќи тоа му претставува нему задоволство.

За време на зимата штркот не лета во топлите краишта. Тој останува и живее во село Облешево. Има свое катче за топло да ја помине зимата, но како што вели господин Таки штркот му се радува на снегот исто како мало дете.

Според старо верување бебињата ги носат штрковите. И Штркот Илинка, на господинот Таки му донела четри внуци. Тие исто така се радуваат на ова невообичаено домашно милениче и се грижат за него.

Лаура Стојанова М-Нет