
Сакал да отиде да набере чист чај со својот велосипед, но наместо со чај, 90-годишниот дедо Дане од Штип се вратил со повреди. На само неколклу километри од Штип, движејќи се по стариот пат, на релација Штип-Радовиш, непознато лице управувајќи со својот црвен автомобил со преголема брзина директно удрил во дедо Дане и го исфрлил на земја од својот велосипед, при што ретровизорот му ја повредил раката.
,,Еден шофер ме бутна со се точакот во трњата и избега, пред десетина дена, со кола на отворен пат и сосема бев на крајо. Како ме дигна во воздух некако со задниот дел на колата ме удри. Среќа што, дали ме удри или што тој сврте со воланот не ме виде воопшто, му фалило толку за да помине преку и мене. Си одам со точакот по крајот по белата линија и си разгледувам ниту го слушнав кога дошол до мене и кога ме мана отиде и го поздравувам што не застана да виде што сторил. Не застана. Ако бев повреден таму и ќе останев. По стариот пат нема коли, многу ретко некој да замине пред Имако на шести километар.”, рече Дане
За среќа, 90-годишниот дедо останал без посериозни повреди, освен раката која му била повредена откако ретровизорот на колата директно удрил во неа во моментот кога тој се движел со велосипедот.
,,Едино раката со ретровизоро како ме удри раката вака ми скокна горе, тоа ме поболе малце ама нема некои повреди нешто, со се точак како си возее ја,” додаде Дане
Дедо Дане упатува апел до луѓето да возат внимателно, но посебно апелира до човекот да внимава и да му се извине бидејќи го знае, оти 90-годишникот е единствениот велосипедист на таа релација.
Иван Митев, М-Нет